Поетска вечер „Нашата визија за Европа“ во галеријата „КО-РА“

Во рамки на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во галеријата „КО-РА“ ќе се одржи Поетска вечер, како дел од проектот „Нашата визија за Европа”. Модератор на оваа Поетска вечер е писателката Оливера Јовановска.
Во рамки на проектот, на 9 мај отворена е групна изложба „Нашата визија за Европа – одржлив развој, интеграции и дезинтеграции“.
На изложбата со свои дела учествуваат: Љубе Алексовски, Андријана Андреева-Aни Соро, Катарина Анѓелoвиќ, Сузана Арсова, Сашо Ацковски, Весна Радишиќ Ацковска, Билјана Билбилоска, Борјана Божиновскиа, Виктор Бранѓолица, Глигор Васков, Ивона Велковска, Гордана Винчиќ, Дана Данче Голубовска, Зулејха Аљи Зубери, Валентина Илијевска, Маре Јованова, Тања Јовчевска, Лиле Јовановска Арсова, Афердита Кики, Слаѓана Кировска, Лидија Коцева, Билгаиб Кочиште Биге, Шќипе Мехмети, Јорданка Мирковска, Месут Неби, Дијана Петкова, Игор Поп Трајков, Марија Роглева, Марија Светиева, Фросина Ставревски, Дита Старова Ќерими, Ерол Сулејмановски, Александар Ацо Таневски, Славица Танеска, Давор Тоциновски и Љубе Чаловски.
Куратор на изложбата е Виолета Калиќ.