Поетска сцена во Скопје Сити мол со фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“
Организаторите и оваа година ќе им дадат збор на сите генерации македонски поети, од основоположниците, преку современите афирмирани поети, па сè до оние кои допрва почнуваат да ја градат утрешнината на македонската поезија

Од 19 до 21 мај, фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол повторно ја отвoраaт својата поетска сцена за љубителите на убавиот збор. По успехот на првата едиција на Деновите на поезијата, во март 2024 година, кои беа иницирани по повод 80 години од првата книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија, Песни од Ацо Шопов (1944), организаторите и оваа година ќе им дадат збор на сите генерации македонски поети, од основоположниците, преку современите афирмирани поети, па сè до оние кои допрва почнуваат да ја градат утрешнината на македонската поезија.