Подгответе се за невреме утре со силен дожд и услови за град


Фото: Б. Грданоски
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
 
Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град.
 
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.