Почнува Винската визија на Отворен Балкан во Белград

За време на четиридневниот настан ќе се организира меѓународно оценување на виното „Отворен Балкан-вински трофеј“


 

БЕЛГРАД – Богата програма која вклучува дегустации на вино, натпревар на саемот „Трофеј на виното на Отворен Балкан“ 2022 година, професионални собири од различни формати, мастеркласови, дискусии за потенцијалот на винската индустрија на Балканот, можности за зголемено учество на светските пазари, како и билатерални состаноци на кои на изложувачите ќе им се даде можност да го прошират својот бизнис, нуди саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“, што почнува денеска во Белград.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама, ќе присуствуваат на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан, на Белградскиот саем.

На Саeмот ќе има околу 300 излагачи од повеќе земји од целиот свет, секако најбројни се оние од Србија, но не заостанува ни Македонија, од каде ќе учествуваат 42 винарии и три дестилерии, кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии. На Саемот ќе се претстават и повеќе од 10 производители на храна од Македонија кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна. Истовремено, стотици илјади очекувани посетители на Саемот ќе може да дегустираат автентична македонска храна која ќе ја подготвуваат македонски врвни готвачи.

Од македонска страна ќе се презентира и фолклорот, ќе има изработка на бисери и филигран, а на 2 септември во Белград ќе биде организирана и Македонска вечер, чиј домаќин е премиерот Димитар Ковачевски, на која се очекува да присуствуваат 500 гости.

Од Албанија се очекува да учествуваат 26 најдобри производители на албанско вино и една дестилерија.

За време на четиридневниот настан ќе се организира меѓународно оценување на виното „Отворен Балкан-вински трофеј“. Вината ќе ги оценуваат 25 меѓународни вински судии од целиот свет, а меѓу нив ќе има дури петмина носители на титулата „Master of Wine“ која е најпрестижна титула во светот на виното.

Стопанската комора на Србија го донесе списанието „Фалстаф“ на саемот, кое е едно од најголемите и најважните публикации кога станува збор за промоција на виното и дека тоа треба да помогне да се отворат нови пазари за нашите винари.

Посетителите ќе можат да уживаат во врвните вештини на мајсторите во производството на вино каде ќе биде промовирана уникатна комбинација на вкус и арома, која го претставува не само духот на Балканот, туку и неговата географија и изобилството на сорти.

Како престолнина на најдобрите вина од регионот, Белград ќе ги собере најеминентните винари, лозари, мајстори на визби, енолози, сомелиери и трговци со вино, како и изложувачи од најпознатите светски винарии.

Саемот ќе вклучува и можност за продажба, а не само изложбена содржина, со што
ќе им се даде можност на посетителите и уживателите да купат избрани вина и лично да разговараат со сопствениците на винариите.