Почнува летниот распуст за учениците
На полуматурантите им претстои запишување во средните училишта. Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни. Според Конкурсот на Министерството за образование наука, за учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 35 690 ученички места.
Матурантите, пак, треба да поминат уште две тестирања од државната матура овој месец пред да се запишат на факултет во август. Во вторник е полагањето на третиот екстерен испит (бизнис, историја, биологија, филозофија, хемија, физика, естетика или социологија), а на 13 јуни е тестот по математика.
Од септември се очекува и новиот закон за основното образование кој во нацрт-верзија деновиве е поставен на Електронскиот регистар на прописи (ener.gov.mk) за доставување сугестии и забелешки.