Почнува хуманитарната новогодишна кампања за децата со попреченост
Коалиција Менуваме почна новогодишна кампања која го носи името „СЕТЕТЕ СЕ НА НАС” преку која сакаат да ги разубават празницити за децата со попреченост.
„Декември е месец на подароци. Месец во кој најмногу му се посветуваме на семејството, на најблиските. Месец кој не’ прави среќни и без да има посебна причина за тоа. Но, декември не е ист за сите. Овој месец кај децата и младите со попреченост предизвикува носталгија, тага, некоја необична празнина. Декември „Заедно со вас добрите хумани луѓе“ ние нема да дозволиме и оваа Нова година да биде исто толку тажна како претходните, барем за дел од децата и младите со попреченост во социјален ризик.Во оваа кампања може да учествувате како компании (чии имиња ќе ги објавиме на крајот на оваа хуманитарна мисија) кои ќе нѝ ги подарите ‘новогодишните пакети’ во зависност од продуктите кои ги нудите.
Испраќаме јавен апел до сите поголеми и помали компании кои сакаат ‘да бидат хумани’ и да им ги стоплат срцата барем на дел од децата и младите со попреченост кои потајно очекуваат некој новогодишен, корисен подарок – да не’ исконтактираате на нашата фејсбук страна Коалиција Менуваме или на имеил [email protected] и заедно да ги направиме новогодишните празници онакви какви што се предвидени да бидат. Ги повикуваме компаниите кои нудат храна, хигиена, облека, бела техника, апарати за домаќинство, … и се’ она што сметате дека би им било потребно на децата и младите со попреченост кој живеат во социјален ризик да бидат дел од оваа хуманитарна акција“, стои во поканата.