Почнува 24. издание на ОФФест, вечерва настап на Драган и Ратко Даутовски и составот Канцониере Греканико Салентино од Италија


На 24-то издание на ОФФест, кое почнува денеска и ќе се одржува до 8-ми јуни во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар во Скопје ќе настапат врвни музички артисти и групи од осум различни земји.

– Високото реноме на артистите ја прави селекцијата на ОФФест 2025 една од најквалитетните во изминатиот период, а спектарот на стилови, „географското потекло“ на уметниците и шареноликите музички правци, несомнено ќе им приредат несекојдневно и незаборавно концертно искуство на посетителите. ОФФест, на една година пред својот 25-ти јубилеј ужива во репутацијата на еден од најпрепознатливите и најпознати фестивали за музика на светот во Европа, статус кој што се должи на исклучително богатата програма низ годините во која се проткаени небројни жанрови, емоции и доживувања, најавуваат организаторите.

Меѓу учесниците се Драган и Ратко Даутовски и составот „Луфтанза“ од земјава, Кимо Похјонен од Финска, Vieux Farka Touré од Мали, Јулија Козакова Трио од Словачка, Canzoniere Grecanico Salentino (CGS) од Италија, Марија Жоао од Португалија, Флоренс Адони од Гана, Мордаи од Унгарија.

На првата вечер во Национална опера и балет вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на Драган и Ратко Даутовски од Македонија и Canzoniere Grecanico Salentino од Италија.

Програма:

5 јуни
Национална опера и балет | 20ч.
Dragan & Ratko Dautovski (С. Македонија)
Canzoniere Grecanico Salentino (Италија)
 

 
6 јуни
Национална опера и балет | 20ч.
Kimmo Pohjonen (Финска)
Maria João Аbundância (Португалија)


7 јуни
Национална опера и балет | 20ч.
Vieux Farka Touré (Мали)
Florence Adooni (Гана)
 

8 јуни
МКЦ Кино Фросина | 20ч.
Júlia Kozáková Trio (Словачка)


8 јуни
МКЦ Дансинг сала | 21ч.
Mordái (Унгарија)
Lufthansa (С. Македонија)


  
Програма плус
8 јуни

МКЦ Кино Фросина | 18:30ч.
SARAVAH 
Документарен филм (Бразил)