Почна реконструкцијата на улицата „Лазо Трповски“ во Чаир


Улицата „лазо трповски3 во скопски Чаир, од денеска се реконстроира, со цел таа да стане безбедна и за возачите и за велосипедистите, но и за пешаците. Во овој дел од градот гравитираат околу 100.000 луѓе кои заслужуваат подобра инфраструктура. 

Денеска, градоначалнивите на Град Скопје и на Општина Чаир, Орце Ѓорѓиевски и Изет Меџити, го означија почетокот на реконструкцијата на една од клучните сообраќајни артерии во овој дел од градот, улицата „Лазар Трповски“.

Улицата целосно ќе се реконструира со нов асфалт на двете коловозни ленти, изградба на стандардизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, уредени паркинг-простори и современ систем за јавно осветлување.

 Ова е современо сообраќајно решение кое ја става безбедноста на прво место – и на возачите, на пешаците, и на велосипедистите, сметаат градоначалниците.

– Сите знаеме дека во минатото оваа улица беше црна точка на сообраќајната мапа на градот, место каде што премногу често се случуваа незгоди. Со оваа реконструкција ставаме крај на импровизациите и на небезбедните услови. Воведуваме јасна сигнализација, подобра прегледност и инфраструктура што одговара на реалните потреби на граѓаните – рече Ѓорѓиевски.

Најави дека до крајот на годината започнува постапка за целосна реконструкција и проширување на булеварот „Цветан Димов“ – една од најважните градски трансверзали низ која секојдневно гравитираат повеќе од 100.000 граѓани и која поврзува неколку скопски општини.