Почна реконструкцијата на пожарната во Кичево


Денес почнува реконструкција на објектот на ТППЕ Кичево, објект кој повеќе од една деценија билазапоставен.

– За првпат од неговата изградба, вложуваме сериозно во условите во кои работат нашите пожарникари. Луѓе кои секојдневно ризикуваат сè за нашата безбедност, со години работеа во несоодветни и недостоинствени услови. Тоа денес го менуваме со конкретни дела, а не со празни зборови – велат од Општина Кичево.

Ивеститор на овој проект е Општина Кичево, изведувач е „Еуроинвест Медиу“, а вредноста на договорот изнесува 27.435.173,13 денари.

– Ова е уште еден доказ дека после толку време, конечно со целосни заложби на Општина Кичево почнуваме да ги решаваме работите што биле оставени на страна – додава градоначалникот Александар Јовановски.