Почна промоцијата на Барон Трамп
Иако поминаа само три дена откако Доналд Трамп беше избран за претседател, на социјалната мрежа што го промовира, Твитер (Х) , веќе има куп постови во кои се глорифицира неговиот син Барон Трамп.
За време на првиот мандат Трамп често беше обвинуван дека внел непотизам во администрацијата откако државните ги подреди на личните интереси н на своите бизниси, давајќи им функции на ќерката Ивана и нејзиниот сопруг Кушнер.
Сега, на мрежите се тврди дека Барон има многу висок коефициент на интелигенција (над 170), дека тој бил заслужен за изборната победа на таткото, дека му кажувал во кои подкасти да учествува и дека демократите не биле подготвени за „оваа агенда“. Прашање на време е веројатно кога и тој ќе добие некаква улога во новата администрација.
18-годишниот син на Трамп гласаше за прв пат на овие избори. Меланија Трамп објави фотографија на своите профили на социјалните мрежи.
„Гласаше за прв пат во животот – за својот татко“, напиша таа покрај фотографијата од избирачкото место. Барон на изборите дојде во костум.
Барон е најмалото дете на Доналд Трамп и започна на факултет оваа есен. Се запишал на Универзитетот во Њујорк (NYU), каде што ја посетува Бизнис школата „Стерн“, една од најдобрите бизнис школи во земјата. На првите предавања дојде опкружен со обезбедувачи.
Неговиот татко неодамна изјави на подкаст дека Барон никогаш немал девојка: „Не сум сигурен дека е во таа фаза од животот. Мислам дека сè уште немал девојка“, рече тој, додавајќи дека Барон е многу паметен, добро момче и одличен ученик.
„Не му пречи да биде сам, но навистина добро се сложува со луѓето“, рече Доналд.
Додека студира на NYU, Барон живее сам во пентхаус во Њујорк.