Почна одгаснувањето на Вардариште – што гореше вчера, не знаеме!


Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега парк! Дадениот збор пред граѓаните е обврска која мора да се исполни – вака гласи најавата на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по социјланите мрежи, а за вчерашниот пожар за кој алармираа од Стоп за Вардариште ни збор, иако до Градот поставивме прашање.

– По спроведената физибилити студија, денес започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште. Мапирани се 22 точки, односно бунари за собирање на отпадните гасови кои со години се наталожуваа на ова место. Од сите бушотини ќе се земаат примероци кои ќе се испитуваат во сертифицирани лаборатории, со цел прецизно утврдување на количеството и составот на гасовите – вели Ѓорѓиевски

Паралелно, се одвива и процесот за темелно површинско расчистување на депонијата.

– Она што со децении беше симбол на запоставеност и извор на ризици по здравјето и никој не успеа да го реши, ние го претвораме во можност и нов почеток. На ова место ќе никне современ мега парк на површина од околу 300.000 метри квадратни, простор на живот, рекреација и чист воздух, новите бели дробови на Скопје – ветува градоначалникот.

Потсети дека по завршувањето на целиот процес, ќе изградат и мост кој ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром, значително намалувајќи го сообраќајниот метеж и создавајќи побрза и пофункционална градска поврзаност.

По седум месеци пауза, денес Вардариште повторно гореше!