Почна изградбата на трим-патека крај Серава

Започна изградбата на трим-патека покрај коритото на река Серава, во Општина Бутел.
„Најголемиот капитален проект во општина Бутел – изградба на речно корито и трим-патека покрај реката Серава се реализира. Најголемото барање на граѓаните, денес е исполнето“, велат од општината.
Трим-патеката покрај коритото на река Серава е во должина од 800 метри.
На патеката ќе биде поставено смарт осветлување и нови клупи. Покрај тоа, ќе се изгради парк на површина од 5000 м2. Во првата фаза се уредува коритото на река Серава во должина од 1.500 метри. Во втората фаза ќе се уреди површина во должина од 300 метри во населеното место Радишани. Локалната самоуправа уредува со камен речно корито во должина од 1.800 метри.
Општината вложува 65 милиони денари за уредување на речното корито и изградба на трим-патека.
Изгледот на општина Бутел се менува. Сите граѓани заедно ќе спортуваат и ќе се рекреираат на кејот на реката Серава, сметаат од Општина Бутел.