Почна изградбата на градинка во Расадник – ќе прими 120 деца


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните активности на новата градинка во Расадник, каде се работи со голема динамика на објектот ќе кој ќе овозможи современи услови за 120 дечиња. Со нејзината изградба, како и со објектот „Верверичка“ кој е во завршна фаза и објектот во Потстаница, целосно ќе се затворат листите на чекање за згрижување деца во градинките на територија на Општина Кисела Вода.

-Денес извршив увид во новата градинка во Расадник, која ќе прими 120 дечиња. Истата ќе се простира на 795 метри квадратни, со 6 занимални од кои две ќе бидат наменети за јасли и ќе значи уште едно исполнување на барањата на жителите од овој дел на општината.

Овој објект се гради со поддршка на Владата на Република Македонија предводена од Премиерот Христијан Мицкоски, за што сакам искрено и од срце да му се заблагодарам за поддршката и неговите заложби во сите сфери на општественото живеење како на централно така и на локално ниво, кои даваат огромен напредок за секоја заедница.

Со завршувањето на овој објект, објектот ,,Верверичка” кој е во завршна фаза, како и објектот во Потстаница не само што целосно ги елиминираме листите на чекање за упис во градинките, туку ќе обезбедиме и поголем простор, комфор и подобри услови за децата од Кисела Вода, но и можност да примаме и дечиња од други општини. Мојата визија е јасна – место во градинка за секое дете-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.