Почна изборниот ден во САД, први гласаа петмината од селото Диксвил Ноч


Пет гласачи во Диксвил Ноч, село со 12 жители на североисток на САД, симболично го отворија денот на изборите на полноќ со едногласно гласање за демократот Џо Бајден, јавија американски медиуми.

Селото, сместено во шумите на Њу Хемпшир, близу границата со Канада, ја следи оваа традиција од 1960 година, за што ја доби титулата „Први во државата“.

Освен соседното село Милсфилд, каде исто така се гласа на полноќ, повеќето избирачки места во источниот дел на САД ќе се отворат во 06:00 часот по локално време / 11:00 часот по Гринич / или во 07:00 часот по локално време / 12:00 часот по Гринич /. Третото село во областа, што ја следи истата традиција, го откажа гласањето на полноќ поради пандемијата на коронавирусот.

Во гласањет во Диксвил Ноч кое траеше неколку минути, и пребројувањето на гласовите резултатот е следен:  Пет гласа за Бајден, ниту еден за републиканскиот претседател Доналд Трамп, кој се кандидира за втор мандат.