Почна да се гради спортска сала во ООУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче

Долно Лисиче за првпат добива спортска сала во рамките на подрачното основно
училиште „Гоце Делчев“ со површина од 650 м2.
Изградбата на спортската сала е финансирана од Министерството за образование и наука, во вредност од 31.989.202,00 денари, а рокот за изведба е 10 месеци.
В.Д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески истакна дека станува збор за капитален и многу значаен проект не само за Долно Лисиче, туку и за Аеродром воопшто, затоа што учениците, наместо како досега во училници или на отворено, конечно ќе можат да имаат часови по физичко и здравствено образование во соодветни и современи услови.
Во ова подрачно училиште учат над 200 ученици кои за неколку месеци ќе добијат сала
изградена според сите современи стандарди. Оваа сала, освен за одржување на
редовната настава во рамките на училиштето, ќе претставува и место каде што жителите
на Долно Лисиче ќе можат да тренираат и да се запознаат со различни спортови за што
досега одеа во други населби.
Премиерот Христијан Мицкоски го поздрави отпочнувањето на градежните активности и истакна дека изградбата на секој нов објект и реализацијата на секој ваков проект значи додадена вредност на квалитетот на живот на граѓаните.
Со оваа сала, на младите ќе им се понуди пристап и избор до голем број спортови со што
се надеваме дека во голема мера ќе се развие спортскиот дух кај младата популација во
овој дел од Аеродром.
Токму во таа насока, министерката за образование и наука, Јаневска го истакна значењето на предметот физичко и здравствено образование во психофизичкиот развој на учениците. Јаневска посочи дека Министерството за образование и наука периодов вложува околу две милијарди денари за реализација на 30-ина капитални објекти со што значително ќе се зајакне образовната инфраструктура во земјава.