Почна да се гради камбанарија во црквата „Св. Четириесет маченици“ на Смилковско езеро


Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски извести дека започна да се гради камбанаријата во црквата „Св. Четириесет маченици“ на Смилковско езеро.

– Беше поставена темелната плоча. Голема благодарност до сите кои помагаат за овој убав чин. Вечна слава на загинатите, порача Костовски кој истакна дека камбанаријата ќе биде готова до Велигден. 

Оваа црква на Смилковско езеро беше изградена во чест на петмината кои беа убиени во 2012 година на Велики Четврток. 

Убиени беа четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.