Почна да се ѕида коритото на река Серава во Општина Бутел


Работите кои изгледаа невозможно, стануваат чиста реалност, велат од Општина Бутел.

Коритото на река Серава е претворено во градилиште, со забрзан интензитет почна да се ѕида коритото. По првичните изгледи станува збор за убава градба која ќе го промени ликот на овој дел од општината.

Рокот за изведба на овој мега проект е две години, интензитетот кој се наметнува од страна на изведувачот гарантира побрзо завршување на градежните активности.

По завршувањето на овој проект, следи изградба на трим патека и целосно партерно уредување на целиот потег од изграденото корито, додаваат од општината.