Починаа уште 21 пациенти, со Ковид-19 заразени нови 1.913 лица


Фото: Б. Грданоски

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913 нови случаи на Ковид-19. Според градови: Скопје – 888, Битола – 148, Кавадарци – 111, Куманово – 83, Велес – 72, Охрид – 59,Тетово – 58, Прилеп – 51, Штип – 50, Струмица – 44, Гевгелија – 38, Кичево- 34, Гостивар и Неготино – по 31, Струга -30, Делчево – 26, Кочани – 24, Ресен – 23, Радовиш и Валандово – по 19, Свети Николе и Богданци – по 9, Крива Паланка, Виница, Крушево и Македонска Каменица – по 7, Пробиштип и Демир Хисар – по 6, Берово и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Македонски Брод – 2.

Од МЗ посочија дека од вкупниот број позитивни регистрирани се 243 реинфекции.

Регистрирани сe 1.353 оздравени пациенти од: Скопје – 674, Битола – 114, Прилеп – 94, Куманово – 71, Кавадарци – 48…

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: шестмина од Скопје (61, 67, 78, 83, 89 и 89), три лица од Струмица (70, 79 и 80,) по две починати од Охрид (69 и 85) и Прилеп (84 и 84) и по едно починато лице од Битола (80), Гевгелија (64) и Кочани (79). Сите почионале во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Битола, Куманово и Пробиштип на возраст од 67 до 88 години. Пријавените се починати во период од 6.01.2022 до 19.01.2022г. Сите пријавени се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица, десет лица се целосно вакцинирани.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 254.857, бројот на оздравени пациенти е 226.409, на починати е 8.198, а бројот на активни случаи изнесува 20.250.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 11.5119, активни 10.834
Куманово 14.251, активни 760
Прилеп 12.324, активни 885
Тетово 11.978, активни 453
Битола 11.916, активни 1.650
Гостивар 8.506, активни 305
Кавадарци 8.328, активни 555
Велес 8.096, активни 392
Охрид 7.673, активни 636
Штип 7.294, активни 325
Струмица 6.883, активни 450
Кичево 4.753, активни 296
Кочани 4.454, активни 226
Струга 4.241, активни 240
Гевгелија 3.472, активни 339
Неготино 2.949, активни 212
Свети Николе 2.319, активни 114
Ресен 2.207, активни 240
Крива Паланка 2.126, активни 123
Радовиш 2.111, активни 194
Делчево 1.677, активни 147
Берово 1.602, активни 101
Дебар 1.487, активни 21
Валандово 1.270, активни 164
Виница 1.242, активни 43
Пробиштип 1.230, активни 46
Кратово 857, активни 62
Богданци 801, активни 81
Крушево 799, активни 140
Демир Хисар 741, активни 74
Македонски Брод 606, активни 37
Македонска Каменица 480, активни 45
Демир Капија 464, активни 19
Пехчево 402, активни 29
Дојран 199, активни 12.