Починатата девојка од велешко Иванковци, немала 23, туку 36 години
Велешката болница направи техничка грешка кога утрово испрати соопштение до медиумите, во кое напиша дека од ковид-19 починала 23 годишна девојка од село Иванковци, пишува порталот „Батали.нет“.
„Пред малку, до медиумите стигна нов емаил, во кој од болницата известуваат дека девојката имала 36, а не 23 години и се извинија поради грешката“, пишува порталот.