Почина жената на која ѝ беше трансплантиран бубрег од свиња


Лиза Писано, првата личност која добила механичка срцева пумпа и генетски конструиран свински бубрег, починала во неделата, соопшти NIU Langone Health, каде несреќната жена била оперирана.

Нејзиниот бубрег бил трансплантиран на 12 април, но откажал поради ограничениот проток на крв и бил отстранет на 29 мај. Лиза Писано не беше првата личност на која ѝбеше извршена трансплантација на свински орган, но таа беше првата со механичка пумпа за срце на која ѝ беше пресадена свински орган, пренесува CNN.

„Таа беше храбра и алтруистична“, рече во вторникот д-р Роберт Монтгомери, директор на Институтот за трансплантација Лангон во Њујорк.

„Придонесот на Лиза во медицината и хирургијата е непроценлив. Лиза нѐ донесе поблиску до иднината во која некој не мора да умре за некој друг да живее“.

Поради срцева слабост и краен стадиум на бубрежна болест за која е потребна рутинска дијализа, Писано не била кандидатка за стандардна трансплантација, соопшти болницата.
Свинскиот бубрег што го доби Писано беше генетски модифициран за да се избегнат човечки антитела, кои вообичаено откриваат и напаѓаат туѓи органи. Свинската тимусна жлезда, која игра улога во имунитетот, била ставена под бубрегот на свињата за дополнително да му помогне на телото на жената да го прифати органот.

Сепак, бубрегот беше отстранет во мај, откако беше утврдено дека „веќе не придонесува доволно за да се гарантира континуирана имуносупресија“, рече тогаш Монтгомери.

Инаку, лекарите во САД вршат ксенотрансплантација (трансплантација на органи и ткива на животни) во ретки случаи, со дозвола на Американската агенција за храна и лекови.