Почина владиката Тимотеј
Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј, починал денеска во болница, каде бил хоспитализиран пред неколку денови.
Тимотеј ја загуби битката откако неколку дена бил на болничко лекување поради проблеми кои ги имал со срцето.
Тимотеј е роден 20 октомври 1951 година во Млаго Нагоричане, Куманово како Славе Јовановски. Во 1976 година дипломирал на Богословскиот факултет. Потоа работи како службеник во Македонската архиепископија.
Од страна на Синодот бил испратен во Рим каде ги завршил ориенталните студии и магистратура. На богословскиот факултет во Скопје извесно време Јовановски работел и како професор, а е поставен и за в.д. ректор на Македонската православна богословија.
Со Дебарско-кическата епархија раководи од 1995 година.