Почина Суат Енѓулу, авторот кој ја афирмираше македонската култура на Балканот
На 73 години, во Истанбул, почина Суат Енѓулу, поет, раскажувач и преведувач на балканската турска литература.
Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како новинар во Радио Скопје, новинар во редакцијата „Бирлик”, уредник на списанието „Сеслер”. Преведувал литературни творби на турски јазик од македонските автори. Бил член на ДПМ од 1975 г. Автор е на Збороаголник, 1972; Во спомен на едно дете од Кумровец, 1981; Од љубовта уморен, 1983; За една Севим и за една револуција, 1980…

Во 2016 година, во рамки на одбележувањето на Денот на МАНУ, а по повод 49 годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, му беше доделена и највисокото меѓународно признание на академијата, медалот „Блаже Конески“ за посебен придонес во проучувањето и афирмацијата на македонската современа книжевност и култура на Балканот.