Почина ирската музичка легенда Шинед О’Конор


Шинед О’Конор почина на 56-годишна возраст, објавија странските медиуми.

Ирската музичка легенда почина на 56-годишна возраст по долгогодишна борба со менталното здравје и 18 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.

Пејачката стана светска слава во 1990 година со нејзината „Nothing Compares 2 U“.

О’Конор е роденa во проблематично семејство во Даблин на 8 декември 1966 година. Подоцна во нејзиниот живот, таа тврдеше дека нејзините проблеми со менталното здравје започнале затоа што нејзината мајка физички и сексуално ја малтретирала како дете.

Шинед О’Конор зад себе имаше четири брака – последниот траеше само 16 дена

Ќе остане запаметена по нејзините неверојатни гласовни способности, но по бунтовничкиот живот кој го одбележаа четири брака.

Во 1987 година, Шинед беше во брак со музичкиот продуцент Џон Рејнолдс, кој е одговорен за нејзиниот прв албум „Лавот и кобрата“. Бракот траеше до 1991 година, а од нивната љубов се роди најстариот син на О’Конор, Џејк.

Во 2001 година „Би-Би-Си“ објави дека новинарот Ник Домерлад ја запросил славната пејачка. Но, ниту тој брак не траел долго, па се развеле во 2004 година.

Нејзиниот трет брак следеше во 2010 година кога Синед се омажи за австралискиот музичар Стивен Куни. Но, поради здравствените проблеми на пејачката и тој брак не издржа и се разведоа.

Четвртиот брак на О’Конор беше вистински шок за јавноста. Таа потоа на својата веб-страница објави дека застанала пред олтарот со своето момче, терапевтот Бери Хериџ (38). Сепак, Шинед О’Конор се разведе од Бери Хериџ по само 16 дена брак.

Пејачката изјавила дека нејзиниот сопруг бил под голем притисок од одредени луѓе од неговото опкружување кои го охрабрувале да не остане со неа, но признала и дека сноси дел од одговорноста за разделбата со сопругот, бидејќи во текот на првата ноќ на нејзиниот брак тргнала во потрага по малку џоинт . Шинејд О’Конор рече дека нејзиниот сопруг бил многу повреден од инцидентот. „Беше ужасно несреќен и затоа го прекинав бракот“, објаснила таа и додала дека разделбата била пријателска.