Почина Ричард Чембрлен, ѕвездата од култната серија „Птиците умираат пеејќи“, „Д-р Килдер“, „Борновиот идентитет“…

 Актерот Ричард Чембрлен почина од компликации по мозочен удар


Актерот Ричард Чембрлен почина на 91-годишна возраст, пренесува Variety.

Неговата смрт ја потврди публицистот Харлан Бол, велејќи дека актерот починал во саботата, 29 март во 23:15 часот  од компликации по мозочен удар.

Неговиот долгогодишен партнер се прости и од саканиот Ричард.

„Нашиот сакан Ричард сега е со ангелите. Тој е слободен и се издигнува до оние што ги сакавме пред нас. Каков благослов беше да се познава таква неверојатна и љубена душа. Љубовта никогаш не умира. И нашата љубов сега го носи под своите крила кон неговата следна голема авантура“, рече Мартин Рабет.

Актерот се прослави во 1960-тите благодарение на медицинската серија „Д-р Килдер“. Го видовме и во култната мини-серија „Птиците умираат пеејќи“ во која го глумеше Ралф де Брикасарт и серијата „Шогун“ во која го глумеше Џон Блекторн.
Беше забележана и неговата главна улога во филмот „Борновиот идентет“.