Почина пронаоѓачот на аудио касетите, Лу Отенс
Лу Отенс, холандскиот инженер кој ги измислил аудиокасетите, почина на 94-годишна возраст, објави Би-Би-Си.
Се проценува дека повеќе од 100 милијарди аудио касети се продадени ширум светот од нивниот изум во 1960-тите.
Пронајдокот на Отен го смени начинот на кој луѓето слушаа музика, а во последните години се забележува враќање на аудиокасетите на пазарот.
Инженерот починал во неговиот дом во Дуизел за време на викендот, објави неговото семејство.
Отенс стана шеф на развој на производите на Филипс во 1960 година, а неговиот тим таму ги дизајнираше аудиокасетите.
Производот беше претставен на саемот за радио електроника во Берлин во 1963 година и наскоро обезбеди светска слава.
Отенс го патентираше моделот со Филипс и Сони откако голем број јапонски компании започнаа да произведуваат аудио касети во различни големини.
На 50-годишнината од претставувањето на касетите, тој за магазинот „Тајм“ изјави дека производот беше сензација уште од првиот ден.
Касетофоните неочекувано почнаа да се враќаат во мода во последниве години и голем број музичари, вклучувајќи ги Лејди Гага и The Killers, ја објавија својата музика на касети.
Во Велика Британија, продажбата на касети во првата половина на 2020 година се зголеми за 103 проценти во споредба со истиот период минатата година, а во САД, продажбата на аудио касети се зголеми за 23 проценти во 2018 година во споредба со претходната година.