Почина професорот Александар Стерјовски, хроничарот на Битола
БИТОЛА – Почина професорот Александар Стерјовски (92) хроничарот на Битола. Наговото тело ќе биде изложено в понеделник во храмот Св. Димитрија во Битола, а погребот ќе се изврши на Буковски гробишта.
Стерјовски беше најисцрпниот хроничар на Битола. На литературен македонски јазик можеше да зборува за историјата на градот со часови.
Книжевност студирал во 1953 година на државниот универзитет во Скопје каде и докторирал. Ја имал ретката привилегија да му предаваат најзначајните фигури за македонскиот јазик во 20 век, академик Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ, еден од основоположниците на историјата на македонската книжевност.
Стерјовски беше редовен професор на Педагошкиот факултет во Битола и два пати проректор на Битолскиот универзитет. Добитник беше на нјависоката награда на градот Битола – наградата 4 Ноември за животно дело.
Стерјовски има објавино над стотина научни трудови како и многу книги посветени исклучиво на Битола. Годинава донира 13 раритени книги на Универзитетската библиотека во Битола. (А.Б)