Почина проф. д-р Миле Димитровски


На 75-годишна возраст почина проф. д-р Миле Димитровски, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет.

Доајен на научната мисла во областа на машинството во Македонија, проф. Димитровски остави значаен печат не само во академската заедница, туку и во општествениот и социјалниот живот.

Како раководител на Лабораторијата за мотори, тој беше автор на бројни научни и стручни трудови и книги, со што даде несебичен придонес во развојот на инженерската мисла.

Беше и основач и прв претседател на Комората на овластени инженери на Македонија, поставувајќи темели за професионалниот развој и етика во инженерската фела.

Погребот на проф. д-р Миле Димитровски ќе ќе биде в среда, на 30 април, во 11:30 часот на гробиштата Бутел.