Почина проф. д-р Илија Џонов, невропсихијатар и поранешен декан на Медицинскиот факултет
Почина проф. д-р Илија Џонов, еден од најистакнатите македонски невропсихијатри, долгогодишен универзитетски професор и поранешен директор на Клиничкиот центар во Скопје.
Џонов, кој е роден на 24 ноември 1943 година во Штип, остави длабока трага во македонското здравство и едукација.
Тој во два мандата ја извршуваше функцијата декан на Медицинскиот факултет во Скопје, а е основач и поранешен директор на Клиниката за нервни и душевни болести.
За неговиот долгогодишен придонес, во 2010 година му беше доделена наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.
Погребот ќе биде во вторник, во 11 часот, на Градските гробишта во Бутел.