Почина поранешниот функционер Тахир Хани
Почина Тахир Хани поранешен функционер на Демократската унија за интеграција.
Роден е на 15 декември 1961 година во Струга. Извршувал важни државни функции, меѓу кои пратеник, министер, заменик-министер…
Веста за смртта на Хани ја објави неговата матична партија, ДУИ на официјалниот фејсбук профил.
– Со длабока тага ве известуваме дека по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани – стои во информацијата.
Сочуство до семејството упати струшкиот градоначалник Рамиз Мерко изразувајќи жалење за загубата на својот колега и пријател.
Погребот е најавен за денеска во 15 часот на гробиштата во струшкото село Велешта.