Почина новинарот Гоце Контевски
На 77-годишна возраст почина Гоце Контевски, долгогодишен новинар, кој целиот професионален век го помина во весникот „Вечер“ каде ги помина сите скалила во новинарската кариера од приправник до заменик на главниот уредник и в.д. главен уредник.
Во текот на својата долгогодишна кариера, посебно се ангажираше на бројни проекти со кои се унапредуваа содржините во весникот преку уредување на специјални прилози од областа на спортот и на масовните комуникации. Имаше значаен придонес и во реализацијата на новинарскиот проект „ВЕЧЕР ЕВРОПА“, кој почна да се реализира како дел од тридеценискиот јубилеј на весникот во 1993 година.
Благодарение и на неговиот посебен ангажман во Франкфурт, Германија, почна да се печати и издава специјално седмично издание, кое беше наменето за македонските граѓани во дијаспората и кое се дистрибуираше во повеќе од десетина европски земји.