Почина Марти Ахтисари


Поранешниот претседател на Финска, Марти Ахтисари, почина на 86-годишна возраст.

Ахтисари, кој ја доби Нобеловата награда во 2008 година, беше претседател на Финска од 1994 до 2000 година и имаше истакната кариера во Обединетите нации и во финското Министерство за надворешни работи.

Во 2000 година, тој ја основа независната фондација ЦМИ (Иницијатива за управување со кризи), денес позната како CMI – Фондација за мир Марти Ахтисари.

Ахтисари ќе биде испратен со државни почести, а датумот на погребот ќе биде објавен подоцна.