Почина легендарниот кечер Хулк Хоган

Хулк Хоган е еден од најзаслужните промотори на кечерите, починал денеска, од срцев удар, во својот дом.
Хулк Хоган беше пронајден мртов во својот дом во Клирвотер, Флорида, во четврток наутро, објави TMZ.
Легендата на американското борење (кечери) и глобална поп-икона, Хулк Хоган почина на 71-годишна возраст.
Тери Болеа, како што беше неговото вистинско име, беше инспирација за многу генерации, а неговата смрт претставува крај на една ера за милиони фанови ширум светот кои растеа со „Хулкоманијата“ во 80-тите и 90-тите години.
Хулк Хоган е еден од најзаслужните промотори на кечерите. Во 80-тите, со својата харизматична појава и препознатливите мустаќи, тој го создаде феноменот „Хулкоманија“, станувајќи херој за цела една генерација.
Тери Болеа беше шесткратен шампион на WWE и еден од најдолговечните шампиони во историјата на компанијата. Двапати е примен во Куќата на славните на WWE.
Меѓу другото Хулк Хоган направи и филмска кариера, а најзапаметен остана по неговата улога на борачот Тандерлипс во култниот филм „Роки 3“ од 1982 година.
Неговиот живот беше обележан и со бројни здравствени проблеми и десетици операции на грбот, колената и колковите – директна последица од неговата напорна кариера, за што и самиот често зборуваше, шегувајќи се дека нема останато „оригинални“ делови на неговото тело.
Хулк беше инспирација за секој нареден лик од филм или стрип, спортист и ред други кои демонстрираа моќ и сила, па се здобиваа со истиот прекар.