Почина Југослав Тодоровски, поранешен градоначалник на Скопје
По долго и тешко боледување, вчера почина поранешниот градоначалник на Скопје, Југослав Тодоровски. Тодоровски беше градоначалник на Скопје во периодот од 1986 до 1991 година. Претходно бил на повеќе државни функции.
Погребот ќе се изврши в петок на Градските гробишта – Бутел, а последна почит ќе биде оддадена од 11 часот во капелата на гробиштата.
Професионалната кариера како градежен инженер ја започна и заврши во ГД Гранит од Скопје, како негов втор човек. Остави белег во градежната фела, политиката и друштвото како умерен и мудар човек, кој остана ценет и без дамка на образот, вели неговиот син.
Тодоровски почина на 86-годишна возраст.