Почина Лукреција Брешковиќ, позната по улогата во серијата „Вила Марија“
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/breskovic-660x453-1.jpg)
Хрватската актерка Лукреција Брешковиќ починала на 85-годишна возраст во Загреб.
Брешковиќ е родена на 30 август 1940 година во Дубровник. Гимназија и средното музичко училиште завршила во Дубровник, а дипломирала соло пеење во 1964 година на Музичката академија во Загреб.
Започнала да настапува додека била студентка како член на ансамблот „Музика Нова“, потоа член на хорот и од 1964 година како солист на загрепскиот театар „Комедија“.
Актерката на нашата публика и е позната по улогата во серијата „Вила Марија“ во која ја играше куќната помошничка Магда. Има одиграно главни улоги во култни претстави: Сплитски акварел, Јалта, Јалта, грофицата Марица, Губец-бег, Гричка вјештица, Дундо Мароје, Јадници и многу други.
Таа имаше улоги и во сериите „Љубовта во заднината“ како Агата Радиќ, „Гордоста на Раткајите“ како калуѓерка, „Законот на љубовта“ како Мира Тадеј и во серијата „Стипе у гостима“ како Вишња.
Глумеше и во бројни филмови како „Од петок до петок“, „Момчето од Сутле“, „Живот со вујко“ како мајката на Мартин Филомена, „Шоуто мора да продолжи“ како Луција Доган, „Ја сакам ЈУ“ како Милена (краток филм) и други.