Почина хористот Игор Пармаковски, се бореше со Кронова болест


Вчера на 50 годишна возраст почина, Игор Пармаковски, од Битола хорист во Националната опера и балет во Скопје.

Пармаковски е роден 1970 година во Битола,  боледуваше од Кронова болест, а неговата состојба беше многу критична и се бараа донации за потребната операција, но за жал не дојде до таков хируршки зафат.

Од Националната опера и балет изразија сочувство за прераното заминување на нивниот колега, а преку социјалните мрежи голем број битолчани, негови пријатели и оние кои работеа со него се простуваат истакувајќи дека ќе го паметат како ведар и позитивен човек.