Почина фолк-пејачот Маринко Роквиќ
Српскиот пејач на народна музика Маринко Роквиќ почина денеска,во Белград, на 68-годишна возраст по тешко боледување.
Семејството Роквиќ преку соопштение наведе дека Маринко починал по тешка борба со ракот на панкреасот.
-Со голема тага ја информираме јавноста дека нашиот сакан сопруг, брат, татко и дедо Маринко Роквиќ утрово почина по тешка борба со ракот на панкреасот. Во овој исклучително тежок момент, семејството ве моли да ја почитувате неговата приватност. Деталите за датумот на погребот ќе бидат објавени подоцна.
Роден е на 27 јануари 1954 година во Босански Петровац. Тој е татко на пејачот Никола Роквиќ.
Неговата музичка кариера е навистина богата, а неговите најпознати хитови е: „Скитница“, „Ти за љубав ниси роѓена“, „Потражичу очи нешто зеленије“ и многу други.