Почина Џеваир Јакупи – Џеки, еден од најпознатите скопски бербери


 

Утрово на 38-годишна возраст во Скопје почина еден од најпознатите скопски бербер Џеваир Јакупи – Џеки, сопственик на студиото „Џеки Јанг“ во ТЦ Зебра.

Веста со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи. Скопјани преку своите фејсбук профили споделуваат сеќавања и упатуваат последен поздрав до човекот кој секојдневно ширел позитивна енергија и се грижел за нивниот изглед.

Познатиот бербер Џеки, иако млад зад себе имаше повеќе од 25 години искуство во овој занает. Беше еден од омилените бербери на скопјани.