Почина Драган Попоски-Дада, доајен на македонската скулптура

Доајенот на македонската скулптура Драган Попоски-Дада почина денес на 88 години, соопшти неговото семејство на социјалните мрежи.
Роден е во Прилеп, 1933 година, а Академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) завршил во Белград. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Студиски патувања остварил во Грција, Италија, Англија, Франција, Германија, Полска, САД. Од 1965 година реализирал повеќе самостојни изложби и учествувал на бројни групни претставувања во земјава и во странство. Автор е на повеќе монументални дела и е добитник на повеќе награди, меѓу кои во 1981 година највисоката републичка награда „11 Октомври”.

Ликовните критичари велат дека уметничкиот развоен пат на Драган Попоски – Дада е долг, со повеќе развојни творечки етапи.
Неговата последна изложба беше во 2018 во Даут пашин амам.