Почина бебето болно од туберкулоза
Дететото на Детската клиника во Скопје беше донесено на 24 февруари во тешка состојба и беше итно префрлено од болницата Козле“. Како итен случај беше сместено во одделот за интензивна нега на детската клиника и беше ставено на машина.
Надлежните служби се уште проверуваат дали бебето било запоставувано. Станува збор за предвремено родено бебе. Мајката на бебето била болна од туберкулоза, од каде што најверојатно и тоа се заразило. Во меѓувреме туберкулоза им беше дијагностицирана и на останатите членови на семејството.
Здравствените власти изразија чудење зошто бебето не било внесено во здравствениот систем, зошто немало податоци каде и како се лекувало и зошто семејството воопшто не било евидентирано како социјален случај. Директорката на Детската клиника, Стојка Нацева Фуштиќ, во изјава за медиумите пред неколку дена кажа дека нема потреба од паника за зараза бидејќи сега веќе починатото бебе, веднаш по приемот било изолирано и за него се грижел посебен медицински персонал.
Секој заболен со активна форма на болеста, ако не се лекува, може да зарази 10-15 лица. Таа се нарекува и болест на сиромашните и најчесто се заразуваат млади лица во продуктивниот период на животот.