Почина актерката Риалда Кадриќ, што ја глумеше Марија од „Жикина династија“


Прославената југословенска актерка, Риалда Кадриќ, позната по улогата на Марија во филмскиот серијал „Жикина династија“ почина на возраст од 57 огидини.

Како што пренесуваат српските медиуми, таа починала синоќа во Атина, каде живееше последните години.

По улогата во популарниот серијал, многумина ѝ предвидуваа славна иднина, но таа одбра живот без актерски улоги.

Долго живееше во Лондон.

Веста за нејзината смрт ја обајви еден нејзин пријател на Фејсбук, кој информацијата ја потврдил и за „Курир“.

„Од нашите животи синоќа замина Риалда Шебек (1963-2021), актерка и психоаналитичарка, драга другарка. Се расплакав по не знам кое време – сета криза, депресија околу короната и личниот живот во ова време на социјална чума, не ми даде повод да стапам во контакт со својата тага затоа што се обидувам да бидам јак и да преживеам“, вели тој.