Почетокот на работната недела ни паѓа тешко скоро на сите: Овие совети ќе ви помогнат да останете мотивирани


Почетокот на работната недела е тежок за речиси сите. Но, со помош на неколку корисни совети ќе можете да останете мотивирани за извршување на работните задачи и се останато.

За да го започнете понеделникот со добро расположение, важно е да создадете утрински ритуал. Се разбира, не треба да биде комплицирано. Погрижете се секогаш да појадувате.

После тоа, направете неколку едноставни вежби или прошетајте. Користењето на омилениот мирис или есенцијално масло може да го подобри вашето расположение и да му сигнализира на вашиот мозок да се фокусира.

Составувањето листа на задачи за тој ден ќе ви помогне да воспоставите рутина. Тие не мора да бидат големи задачи, разделете ги на мали чекори. Како што ги завршувате поединечно, ќе имате поголема мотивација да ги завршите сите.

Погрижете се вашата работна маса да биде чиста – без разлика дали работите во канцеларија или од дома. Ако можете, погрижете се да добие дневна светлина. На крајот од секој ден, наредете ги документите за да имате уредно и организирано место за работа следното утро.

Обидете се да направите кратки паузи за време на работата за да ги „испружите нозете“ или да пиете кафе. Експертите препорачуваат користење на техниката Помодоро, која ја измислил Франческо Сирило во 1980-тите. Имено, тој со помош на кујнски тајмер ја делел работата на интервали, најчесто во траење од 25 минути, разделени со кратки паузи.