ПОЦ нема да наплатува на паркингзите за време на Велигденските празници

Паркирањето во општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Во петок, недела и понеделник граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ова исклучок се затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил.
Согласно програмата за неработни денови за 2025 година, 19.04.2025 година (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 22.04.2025 година (вторник) со вообичаено работно време.