По сонцето, в петок нѐ очекуваат пак дожд и грмежи


Управата за хидрометеоролошки работи ја објави временската прогноза за следните денови во Македонија.

До петок нè очекува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

За време на викендот ќе има промена на времето. Претпладне се очекува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.