По синот, сега и внукот Мицкоски ќе студира на Машински факултет

Јован Мицкоски – синот на Христијан Мицкоски синоќа славеше матура. Премиерот на својот профил на „Фејсбук“ откри дека од октомври ќе се гледаат на Машинскиот факултет, каде што тој работи како професор.
„Синко среќна матура и добре дојде во новото поглавје преполно со предизвици. Секогаш со свои сили минувај низ сите препреки, нема да е лесно, ќе биде тешко, но сигурен сум дека ќе ги совладуваш. Од октомври се гледаме на Машински“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Инаку, уписите на факултетите се уште не се ни почнати но премиерот веќе го „запиша“ синот.
Матура вчера славеше и ќерката на екс вицепремиерот Фатмир Битиќи. Тој пак изрази жалење што не успеал да и ги отвори „европските врати“, за факултетот самата ќе се снајде.
„Вечерва се чувствувам горд и полн со емоции – како вчера да беше кога првпат ја однесов во градинка. Денес стои пред мене како матурантка со животен сјај во очите и соништа пред себе.
И покрај сите мои обиди и желби, жал ми е што не успеав да ѝ отворам европски врати, да ѝ овозможам повеќе перспективи и шанси овде, во татковината. Секој родител сонува да направи повеќе, да даде повеќе.
Но, знам едно – ти си борец, Калтрина. Ти си доволно силна, паметна и храбра да го најдеш вистинскиот пат, без разлика каде ќе те однесе животот. И јас секогаш ќе бидам тука, со срце полно љубов и поддршка“, вели Битиќи.