По пожарот во Трубарево висока била загаденоста со PM₁₀, олово, кадмиум и арсен
Загаденост со арсен, кадмиум и олово, регистрира МЖСП, по спроведените мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево во деновите на пожарот

Високо ниво на PM 10 честички, како и загаденост со арсен, кадмиум и олово, регистрира Министерството за животна средина и просторно планирање, по спроведените мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево и тоа во два различни периода.
Резултати од загаденоста има за 13–14 септември 2025 (по пожарот во склад на „Ф-Групација ДООЕЛ“) и за 18–19 септември 2025 (тековни индикативни мерења).
Тековни резултати (18–19 септември 2025):
Просечна концентрација PM₁₀: 9,8 µg/m³
Максимална вредност: 43,3 µg/m³
Моментална вредност: 8,2 µg/m³
Моментално нема надминување на граничните вредности, концентрациите на PM₁₀ се во рамките на дозволените граници за заштита на здравјето на луѓето.
Резултати од пожарот (13–14 септември 2025):
PM₁₀ честички: 92,65 µg/m³ (над 50 µg/m³ – дозволена граница)
Олово (Pb): 0,75 µg/m³ (над 0,5 µg/m³)
Кадмиум (Cd): 59,1 ng/m³ (над 5 ng/m³)
Арсен (As): 8,9 ng/m³ (над 6 ng/m³)
Никел (Ni): 6,4 ng/m³ (во дозволени граници, под 20 ng/m³)
По пожарот е регистрирано значително надминување на дозволените граници за PM₁₀, олово, кадмиум и арсен, беа измерени високи концентрации на честички и тешки метали, но тековните мерења покажуваат дека состојбата на воздухот е стабилизирана и во рамките на дозволените граници.
Министерството и Државниот инспекторат ќе продолжат со редовен мониторинг и навремено информирање на јавноста.
Што е кадмиум и кои се симптомите од труење со кадмиум?
Кадмиумот е релативно редок метал и се јавува единствено како кадмиум сулфид. Целиот кадмиум се добива како нус продукт при добивањето на цинкот. Тој во форма на кадмиум оксид продира во организмот преку респираторниот тракт.
Неговите соединенија се многу токсични а најтоксичен е кадмиум хлоридот кој е и многу растворлив. Труењето настанува воглавно при топењето на цинковите руди кои содржат кадмиум, при галванизација, при заварување и др.
Од големо значење е внесувањето на кадмиумот преку цигарите бидејќи на овој начин само со една цигара се внесуваат 0.1-0.2μg на кадмиум.
Со гастроинстенална ресорпција се внесуваат околу 8% на кадмиум,чија ресорпција се зголемува доколку се внесува храна со помала содржина на калциум, железо и протеини. Кадмиумот се транспортира низ крвта врзан за еритроцитите и протеините со голема маса како што се албумините. Неговото време на полуживот изнесува 30 години.
Клиничка слика на труење со кадмиум
Разликуваме два вида на труење и тоа:
1. Акутно труење настанува со вдишување на високи концентрации на кадмиум оксид. Во текот на првите неколку саати се појавува печење во носот и очите, лесно надразнување на горните дишни патишта. Понатаму се јавуваат кашлање, болки во градниот кош,покачена
температурa, треска и потење. Кај потешките случаеви се јавува и едем на белите дробови кој може да предизвика и смрт.
Хроничното труење настанува при подолготрајна експозиција (4-10 год). Заедничка карактеристика на сите лица е појавата на жолт прстен на средината на забите како резултат на депонирањето на кадмиумот.
Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор
За потсетување, во саботата, пред шест дена, околу пладне изби пожар во скопско Трубарево, каде се запали погон за преработка на електричен и опасен отпад на „Ф Групација“. Црниот чад беше видлеив од сите делови на Скопје. Надлежните го затрупаа со песок, по целодневна борба со пожарот. Беше овозможена и евакуација на жителите на Трубарево, но никој не ја искористи таа можност во државните капацитети. Основното училиште во селото беше затворено една недела, а децата посетуваа настава онлајн. Информации за загаденоста надлежните објавија дури денеска – шест дена по пожарот.