По повеќе од една деценија бегство – екстрадиран Хеди Рамковски

Синот на Велија Рамковски беше осуден на седум години затвор во отсуство, но сега има право на повторување на судскиот процес


Фото: Б. Грданоски

По повеќе од една деценија бегство, пред половина година во Македонија бил екстрадиран Хеди Рамковски, син на Велија Рамковски сопственик на поранешната влијателна телевизија А1, кој веќе ја издржа казната и е на слобода.

Веста дека Рамковски се наоѓа во Шутка беше објавена на социјалните мрежи, но ја потврдуваат и официјалните институции.

Хеди Рамковски бил екстрадиран уште во јули, но досега ова не беше јавно објавено.

Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка за „Слободен печат“ потврди дека Рамковски е во затвор и дека се уште е во тек повторениот судски процес за него.

Рамковски избега од државата веднаш откако се отвори истрагата за случајот „Пајажина“.

Судскиот процес во кој беа обвинети 23 управители и основачи на фирми на „Перо Наков“ во Скопје за затајување на данок, перење на пари и злосторничко здружување финишираше во 2012 година.

Велија Рамковски тогаш беше осуден на 13 години затвор, но поради здравствени проблеми на крајот на 2017 беше пуштен на лекување.

Синот Хеди беше осуден на седум години затвор во отсуство, но сега има право на повторување на судскиот процес.

Хеди во притворскиот затвор Шутка спроведен е од затвор во Грција каде што се криел од македонските правосудни органи но бил притворен за друго дело.