По Мајами, Букурешт: Киро Урдин со нова поставка на изложбата „Табула Раса ”
По неодамнешниот успешен настап во галеријата „Амадлози ” на Африканскиот
центар за културно наследство во Мајами во Флорида, со изложбата „Предци”,
македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин ќе се претстави во Букурешт.

Во еминентната галерија „ Константин Бранкуши”, сместена во рамките на Цен-
тарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент, нашиот
уметник ќе се претстави со нова поставка на изложбата „Табула Раса ”, на повр-
шина од блиску 600 квадратни метри. На два монитори во галеријата, посетителите
ќе можат да ги проследат документатните филмови на Урдин, „Планетариум” и
„Табула Раса”.
Изложбата, која ќе биде отворена за Денот на независноста на Северна Македонија
2 Август и ќе трае до 31 август, финансиски е поддржана од Министерството за кул-
тура на Северна Македонија, медиумски спонзор е каналот „ТВ Културал” на Роман-
ската национална телевизија, а помагатели се нашата амбасада во Букурешт, „Пива-
ра” Скопје, винаријата „Попова Кула” и „Меана”, Букурешт.
Куратор на изложбата е историчарката на уметност Марика Теохаревска, а комесар
на проектот е историчарот на уметност Јане Теохаревски.