По гајдата, Македонија во март ќе аплицира во УНЕСКО со чалгии, ајвар и етноастрономска карта


По гајдата, Македонија во март, 2025 ќе аплицира во УНЕСКО за репрезентативната листа за нематеријално културно наследство на човештвото, со чалгии, ајвар и етноастрономска карта, изјави, вчера, на прес-конференцијата во Скопје,  директорката на Управата за заштита на културно наследство Весела Честоева. 

„ 78 нематеријални културни добра веќе се валозирани од комисиите, во изминатиов период, и ги има во Регистарот но Управата. Од нив  28 се јазични добра, едно топоними, и 48 фолклорни добра, појасни вчера Честоева. 

Македонската гајда, годинава, како мултинационална номинација, заедно со Туркије, официјално е на светската културна мапа, заедно со „Чет’рсе”, „Копачката”, „Гласоечкото пееье”, „Х’дрлез” и „Мартинките”. 

Музичарот и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје (ФМУ) Драган Даутовски, кој, вчера, пресот за медиумите, го отвори со звуците на гајдата, рече дека „ се  надева дека до март ќе бидеме мудри и паметни да пристапиме со аплицирање за заштита и на кавалот“.

„Се радувам што мојата макотрпна работа и презентирањето на традицоналните инструменти во светот кулминираа со оваа заштита. Гајдата заедно со кавалот се звучниот архетип на македонската душа, и тамбурата е тука, што говори за еден инстумент што ѝ припаѓа на културната генетика. Традиционалните музички инструменти го прават создавањето на народното творештво, односно народната поезија која е создадена да пее, да се отпее, а со тоа и народниот инструмент е изработен со обврска звучно да го следи тој еволутивен процес.  Сакам да апелирам, ете до март имаме добра прилика да аплицираме за заштита на кавалот и се надевам дека ќе бидеме мудри и паметни во аплицирањето и дека Институтот за фоклор ширум ќе ги отвори вратите во давање информации“, рече Даутовски. (Л.С.)