ПМФЛ: Вардар и Струга одиграа нерешено

Вардар одигра без голови против Струга на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во 31. коло од Првата лига.
Двете екипи си поделија по еден бод во дуел без многу возбудувања. На 21 мај повторно ќе ги измерат силите во финалето во Купот на Македонија.
Вардар има 39 бодови по 31 одиграно коло, додека Струга е на четвртата позиција со 49 поени.
Утре од 17 часот ќе играат:
Брера Струмица – Шкупи
Шкендија – Работнички
Тиквеш – Беса.