Платите во образованието ќе се зголемат за 15 отсто
Спогодбата на Фејсбук попладнево ја објави претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков, а денеска на прес-конференција министерот Јетон Шаќири соопшти дека наставниците ќе добијат, како што рече, „историско покачување” со септемвриската плата.
Во Спогодбата, потпишана од лидерот на СОНК Неделков и министерот Шаќири, пишува дека најниската плата за најниската сложеност за вработените во основните училишта изнесува 16.973 денари и дека ќе се применува со исплата за септември 2022 и понатаму.
Во исто време, во документот е утврдено дека основната плата на работникот не може да биде пониска од објавената висина на минималната плата во бруто износ во Република Северна Македонија во тековната година.